Со физичко присуство на наставата, за 6.287 прилепски основци и 3.252 средношколци денеска започна новата учебна година

За 3.252 ученика во средното и 6.287 во основното образование, меѓу кои и за 660 првачиња, денеска започна училишната 2021/2022 година.

Освен за средношколците од Гимназијата „Мирче Ацев“, кои заради комплетната реконструкција на училиштето првите 2 месеца ќе следат онлајн настава, за сите останати ученици наставата ќе се изведува со физичко присуство.

На првиот училиштен ден, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, го посети ООУ „Рампо Левката“, каде на 58 првачиња им посака добредојде во школските клупи.

„Моја е честа на првиот училиштен ден да бидам овде со вас, што можам да им посакам добредојде на сите ученици, посебно на првачињата, за кои ова е нов момент. Возбудата кај нив е голема, исто како што е и кај вас, нивните родители но и кај наставниците. Овој нивни почеток ќе биде добра основа низ добриот образовен систем кој го има во нашата држава, еден ден да станат академски граѓани. Како локална самоуправа, направивме многу во сите основни и средни училишта во нашата општина, посебно за основните училишта за кои издвоивме огромни средства за реконструкција на инфраструктурата. Во текот на оваа година набавивме таблети, десктоп и лаптоп компјутери во висина од 25 милиони денари. Она што ми е посебно драго, е дека за учениците од прво и четврто одделение, за учебната 2021/2022 година издвоивме 11 милиони денари за набавка на дидактички и нагледни средства, а за сите 660 првачиња Општина Прилеп обезбеди и училиштен прибор“, истакна Јованоски.

Посакувајќи им на сите ученици успех во образованието, но пред се’ добро здравје како за нив така и за нивните родители и за сите учесници во образовниот процес, градоначалникот Јованоски потенцираше дека во сите училишта наставата ќе се изведува со максимално почитување на протоколите за заштита од ковид-19.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …