Пред второто рочиште за случајот поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс“, движењето „Кој е Следен?“ изведе симболична акција пред Кривичниот суд. Пред влезот беа поставени десетици „очи“ како порака дека јавноста внимателно го следи процесот и дека сите очи се вперени кон институциите кои треба да обезбедат правично, независно и транспарентно судење.
Со акцијата се испраќа јасен сигнал дека семејствата на загинатите, преживеаните и целата јавност очекуваат одговорност и јасни судски постапки, без одолговлекувања и без политички влијанија. Движењето „Кој е Следен?“ најавува дека ќе продолжи активно да го следи процесот и да реагира секогаш кога постои опасност правдата да биде нарушена.
„Нашата порака е јасна: не смееме да дозволиме трагедијата во „Пулс“ да се претвори во уште една неказнета болка. Поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс“, иницијативата Кој е Следен? изведе симболична герила пред Кривичниот суд. Пред влезот беа поставени десетици „очи“ како порака дека јавноста внимателно го следи процесот и дека сите очи се вперени кон институциите кои треба да обезбедат правично, независно и транспарентно судење. Со герилата се испраќа јасен сигнал дека семејствата на загинатите, преживеаните и целата јавност очекуваат одговорност и јасен и правичен судски процес, без одолговлекувања и без политички влијанија“, се наведува во соопштението од организаторите.
Од движењето „Кој е Следен?“ најавуваат дека ќе продолжат активно да го следат процесот и да реагира секогаш кога постои опасност правдата да биде нарушена.
„Нашата порака е јасна: не смееме да дозволиме трагедијата во „Пулс“ да се претвори во уште една неказнета болка. Правосудниот систем денес повторно е под будното око на јавноста. Пред второто рочиште за „Пулс“ поставивме очи пред Кривичен суд за да знаете дека секој потег се следи и секоја одлука се памети. Ве гледаме“, се додава во соопштението.
Извор: МЕТА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место