Со големиот број реализирани проекти, ООУ „Блаже Конески“ добива нов лик

Со големиот број реализирани проекти, ООУ „Блаже Конески“ добива нов лик

Сите училишта, вклучувајќи го и ООУ „Блаже Конески“ ги остваруваат своите цели во согласност со образовната политика, инкорпорирајќи го Законот за основно образование. Во изминатите 6 месеци направена е рамнотежа помеѓу приоритетите и потребите, почитувајќи ги сите механизми кои ги инсталира Секторот за образование при локалната самоуправа на Општина Прилеп.

Ова, меѓу другото го истакна на денешната прес конференција директорката на ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп, Каролина Николоска. Николоска потенцираше дека за реализација на сите проекти и активности во изминатите 6 месеци, голема била поддршката од Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, кои ги потврдиле силните интерактивни врски помеѓу училиштата и локалната заедница.

Со големиот број реализирани проекти, ООУ „Блаже Конески“ добива нов лик„За кратко време ги саниравме санитарните јазли на сите три нивоа во училиштето, ја заменивме дограмата во административно-педагошко стручната служба, заменети се завесите во сите училници, а ги реконструиравме и скалите кои беа во исклучително лоша состојба. За зголемување на безбедноста на учениците поставивме рампа и инсталиравме нов видео надзор, со кој наместо досегашната една, сега функционираат 16 камери. Во подрачното училиште во населбата Варош го изградивме руинираниот потпорен ѕид, а во училиштето за скоро време ќе бидат санирани подот и санитарните јазли. Во фаза на набавка се 96 клупи и 346 столчиња, со што во соработка со локалната самоуправа ќе биде сменет комплетниот инвентар во училиштето. За време на летниот распуст планираме изградба на термоизолационата фасада на целото училиште, а се работи и предмер пресметка за хортикултурно уредување на училишниот двор“, истакна директорката Николоска.

Она што исто така треба да се спомене, е дека во ООУ „Блаже Конески“ целосно е реконструирана електричната инсталација со замена на лед светилки, наместо доскорешниот 1 кабинет со компјутерско-информатичка технологија сега функционираат 8, а комплетно е реновирана и хидрантската мрежа.

Прочитајте повеќе

време облачно студено

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да …