Со нов закон ќе се спречи слободно купување отров со кој се трујат кучињата

Со нов закон ќе се спречи слободно купување отров со кој се трујат кучињата

Со новиот закон за фитофармација што вчера беше усвоен од Владата, се забранува продавање на многу опасни хемикалии кои се користат како фитофармацевтски производи во земјоделските аптеки, односно отровите што се фрлаат на бездомните и другите кучиња и мачки, порача Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Toa  го изготвило предлог-законот што наскоро би требало да се најде во собраниска процедура.

„На овој начин се става ред во слободната трговија на ЛАНЕТЕ и други пестициди со кои се трујат домашните миленичиња и бездомните животни“, велат од министерството.

Според соопштението, по стапувањето на сила на законот ќе биде дозволена употреба на живи организми во борба со болести и штетници, како што се инсекти и други животни кои се хранат со штетниците на растенијата, а при тоа не ја загрозуваат животната средина. Притоа, тие ќе се користат за заштита на минорни култури, како магдонос, аспарагус, морков, лук.

„За овие култури досега не постоеше соодветна заштита од болести и штетници, поради што земјоделските производители трпеа огромни штети“, објаснуваат од МЗШВ.

Исто така, дополнително се регулира работењето на земјоделските аптеки и се воспоставува законски основ за континуирано следење на безбедноста на храната и храната за животни во целосен ланец во растителното производство. За првпат се спроведува сертификација, обука и полагање на државен испит на советниците и лицата вработени во земјоделските аптеки, со што се гарантира стручноста на кадарот, тврдат од министерството за новиот закон за фитофармација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …