Со новиот редизајн, Фејсбук ја отстранува опцијата за лајк на страниците

Социјалната мрежа „Фејсбук“ со новиот редизајн ја отстранува опцијата „лајк“ од страниците на брендови, јавни личности и уметници, се вели во соопштението објавено на блогот на компанијата. Отсега па натаму, фокусот ќе биде само на следбениците.

„Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, информираат од „Фејсбук“ за редизајнот.

На Фејсбук страниците ќе бидат прикажани само следбениците и ќе имаат наменски „Њуз фид“, каде што корисниците ќе можат да се приклучат на разговори, комуницираат и да стапат во контакт со обожавателите.

Како што велат од компанијата, и натаму ќе биде достапен синиот беџ за потврда на профил, со цел полесно идентификување на објавите и коментарите од автентични страници и профили.

„Сакаме Фејсбук да биде безбедно место за поврзување со обожавателите, затоа ја подобривме нашата можност за откривање активност што не е дозволена на нашата платформа, вклучувајќи говор на омраза, насилна, сексуална или спам содржина и лажно претставување“, велат од Фејсбук, од каде што додаваат дека коментарите со син беџ ќе бидат во повисокиот дел од коментарите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …