Со новогодишна програма на градскиот плоштад, прилепчани ја испраќаат 2019 година

Точно на пладне, на последниот ден од 2019 година, на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ започна новогодишната програма на Општина Прилеп.

Дневната програма, по правило, е наменета за најмладите, кои се радуваа, играа и пееја со песните од детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“, со Гоце Илиески, Дедо Мраз и џуџињата. Веднаш после нив, на бината се појавија MDAVEIRO & IM-X, јутјубери и диџеи.

Вечерната новогодишна програма започнува во 23.00 часот со настапот на Теодора Зероска, за да после неа на бината се појави годинешната претставничка на нашата држава на детскиот „Евросонг“, Мила Москов.

Точно на полноќ, градоначалникот Илија Јованоски на своите сограѓани ќе им ја честита Новата 2020 година, после што следува настапот на групата „Прилепски еснаф“.

Веднаш потоа, традиционално, градоначалникот Јованоски ќе ги посети дежурните служби кои во новогодишната ноќ водат грижа за безбедноста и здравјето на граѓаните на Прилеп: службата за Итна медицинска помош, вработените во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица.

Претходно, во текот на денешниот ден градоначалникот Јованоскиги посети дежурните војници и офицери во касарната „Мирче Ацев“.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …