Со победата во Мичиген и Висконсин, Бајден сè поблизу до Белата Куќа, но пребројувањето сè уште трае

Претседателскиот кандидат на Демократската партија во САД, Џо Бајден, според неофицијалните резултати, победи во уште две клучни држави – Висконсин и Мичиген. Една од можностите за гласање на изборите во САД, традиционално предвидува и гласање преку пошта. Голем број гласачи оваа година го одбраа токму овој начин на гласање како начин на заштита од изложување на корона вирусот. Поради тоа што во дел од државите законите не дозволуваат гласовите добиени преку пошта да се бројат пред затворањето на гласачките кутии, на овие држави им треба повеќе време да ги избројат сите гласачки ливчиња пристигнати на овој начин. Така, повеќе од 24 часа по затворањето на гласачките кутии, сè уште не се знае кој е победникот на изборите за претседатрел во САД.

За еден кандидат да победи, потребни му се најмалку 270 електорски гласа, а со победата во Висконсин и Мичиген Бајден сега има 264. Но, Трамп има тесно водство во Џорџија, Северна Каролина и Пенсилванија, каде сè уште се бројат гласовите, а разликата во полза на Бајден е мала во Аризона и Невада.

Севкупно земено, Бајден до сега добил 71 милион гласа, што, како што јавуваат светските агенции, е најмногу гласови за еден претседателски кандидат во историјата на САД.

Во меѓувреме, агенциите јавуваат дека поддржувачи на Трамп се собираат пред центрите каде се бројат гласовите во Феникс, Аризона и Детроит, Мичиген барајќи да се запре броењето на гласовите, и како што велат кражбата на изборите.

Сепак, набљудувачи од двете главни политички партии биле просутни во изборните центри каде се бројат гласовите, а целата процедуре цело време може да се гледа во живо на телевизија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …