Со положување свежо цвеќе пред новопоставената биста на Св.Климент Охридски, одбележан патрониот празник на истоименото училиште

Со положување свежо цвеќе пред новопоставената биста на Св.Климент Охридски, одбележан патрониот празник на истоименото училиште

Делегација од општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, заедно со претставници од Општинскиот Совет и ООУ„Климент Охридски“, положувајќи свежо Со положување свежо цвеќе пред новопоставената биста на Св.Климент Охридски, одбележан патрониот празник на истоименото училиштецвеќе пред новопоставената биста во училиштето, денеска се поклонија пред ликот и делото на големиот просветител и прв македонски епископ Св.Климент Охридски.
Во чест на празникот и патронот на основното училиште, во своето обраќање пред присутните на чествувањето, посакувајќи им пред се’ добро здравје и успешен образовен процес на учениците и наставниот кадар, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека е во тек тендерска постапка за набавка на 900 таблети и 1.000 десктоп компјутери за потребите на основните и средните училишта од градот и за учениците од социјално ранливите семејства и за основните и средните училишта од градот.
За таа намена, издвоени се 25 милиони денари од буџетот на Општина Прилеп и дотациите за училиштата, истакна Јованоски.
Изутрината, во својата празнична честитка до граѓаните, градоначалникот Јованоски нагласи дека како основоположник на Охридската книжевна школа, низ која минале околу 3.500 ученици и од која произлегле многу учители ширум словенскиот свет, а пред се’ човек кој целиот свој животен век го посветил на духовноста и описменувањето на народите, Св.Климент ќе остане трајно врежан во македонското и светското културно наследство.
Со положување свежо цвеќе пред новопоставената биста на Св.Климент Охридски, одбележан патрониот празник на истоименото училиштеДиректорот на ООУ „Климент Охридски“, Зоран Сребреноски, во своето обраќање по повод патрон празникот, нагласи дека годинава за прв од постоењето на ова училиште, стоиме пред спомен обележјето на нивниот патрон, кое се подигна со средства од училиштето.
Директорот Сребреноски додаде дека во ова време на пандемија, наставниот кадар успешно ја спроведува наставата од далечина, што е доказ за нивната стручна подготвеност и посветеност во работата.
Заради пандемијата со коронавирусот и вонредните услови во кои се одвива наставата, учениците и наставниот кадар од ООУ „Климент Охридски“ организираа бројни онлајн активности за прослава на својот патрон празник.

 

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …