Со поставениот оптички интернет, во СОУ “Орде Чопела“ создадени одлични услови за изведување на настава од далечина

Со поставениот оптички интернет, во СОУ “Орде Чопела“ создадени одлични услови за изведување на настава од далечина

„Одличната соработка со Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, придонесе за значително подобрување на условите за настава и работа во СОУ ‘Орде Чопела’. Поддршката резултираше со успешна реализација на воспитно-образовниот процес и имплементација на проекти кои беа клучни за подобрување на условите за следење и изведување на наставниот процес“, вели директорката на СОУ „Орде Чопела“, Анета Пејоска.
Освен набавените технички помагала, нови бели табли за сите кабинети и лаборатории, смарт табли и проектори, сите кабинети се опремени со нов компјутер за одржување на онлајн настава, а училиштето склучило договор со интернет провајдер за монтирање на оптички интернет, со што значително се подобрени условите за следење настава од далечина.
Со поставениот оптички интернет, во СОУ “Орде Чопела“ создадени одлични услови за изведување на настава од далечина„Набавена е и потребна опрема за стручните активи, тука би го споменала и опремувањето на библиотеката со стручна литература, белетристика и лектирни изданија, хортикултурно и партерно се уреди училишниот двор, се изврши дренажа на дел од дворот, а се реконструираше кошаркарското игралиште кое доби и осветлување. Исто така, покрај молеро-фарбарските работи, влеговме во програмата на Министерството за образование и наука за реконструкција на средните училишта, од каде беа обезбедени средства за комплетна обнова на тоалетите. Со сопствени средства добиени преку разни проекти, комплетно го реновиравме кабинетот по очна оптика, а во моментов во тек е јавна набавка за промена на подовите, проект за кој средствата ги обезбеди локалната самоуправа“, истакна Пејоска.
Директорката на СОУ „Орде Чопела“ потенцира дека и во вакви вонредни услови на пандемија на Корона вирус, училиштето нема да престане да се обновува и осовременува. За таа цел веќе е готов проектот за реконструкција на фасадата и внатрешната столарија, а во блиска иднина ќе следи набавка и на професионална опрема за изведување на практична настава за очна оптика.

Прочитајте повеќе

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат …