• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Со поставувањето транспаренти ВМРО-ДПМНЕ го крши Изборниот законик – кој ќе одговара за тоа?

      25/11/2016
      Авторски, Македонија
      Со поставувањето транспаренти ВМРО-ДПМНЕ го крши Изборниот законик – кој ќе одговара за тоа?

      Во пресрет на завчерашното доаѓање на Никола Груевски во Прилеп, на булеварот „Маршал Тито“ осамнаа транспаренти со носителот на листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4. Транспарентите беа прикачени на кабли поврзани на електичните столбови од двата краја на булеварот, кои ги поставуваше фирмата „Електроточила Инжинеринг“ ДООЕЛ Прилеп, позната по големиот број добиени тендери од Општина Прилеп. После реакцијата на ОО на СДСМ Прилеп упатена до МВР – ПС Прилеп, денес истите беа отстранети од фирмата која што и ги постави.

      Очекуваната валкана кампања на ВМРО-ДПМНЕ започнува токму во центарот каде двајцата политички противници, Заев и Груевски, ги одмеруваат силите во изборната кампања. Ова е само потврда дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги почитува законските обврски предвидени со чл.78-а од Изборниот законик и упатството за постапување по истиот член донесено од ДИК, туку ќе ги искористи сите можности кои и’ стојат на располагање преку злоупотреба на имотот на локалната самоуправа и фирми блиски до власта.

      Се поставува прашањето дали на ваквиот почеток на валкана кампања од страна на партијата на власт, ОО на СДСМ Прилеп соодветно ќе одговори со тоа што ќе побара одговорност од политичкиот противник? Пред се’ поради фактот што транспарентите се поставени на кабли поврзани за електричните столбови, со што фирмата која ги поставила сторила кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“ од КЗ, со тоа што, како што се гледа од видеото, поставила пречка на сообраќајницата и на таков начин ја загрозила безбедноста на сообраќајот, дело за кое е предвидена парична казна или казна затвор до три години.

      Дали ОО на СДСМ Прилеп ќе побара одговорност и од градоначалникот Марјан Ристески затоа што овозможил бесплатно рекламирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на чл.78-а од Изборниот законик?

      Редакција ПУБЛИКУМ

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Воздухот во Битола екстремно загаден, локалната власт наместо мерки нуди препораки
      Следно
      Воздухот во Битола екстремно загаден, локалната власт наместо мерки нуди препораки
      Коалиција „За промени и правда“: Груевски ќе плати за сите злодела кои му ги направи на македонскиот народ
      Претходно
      Коалиција „За промени и правда“: Груевски ќе плати за сите злодела кои му ги направи на македонскиот народ

      Слично

      • 22/2/2019

        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува

        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        22/2/2019

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата

        Јованоски: Младите треба да го имаат чувството на припадност, државата и општините треба да направат амбиент да ги задржат младите
        22/2/2019

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња

        Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили?
      • Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        22/2/2019
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА