НУ „Театар Комедија“ Скопје, ќе ја заокружи годината со изведба на премиерата „Нема да платам” од Дарио Фо, во режија на Александра Кардалевска. Сценографијата за претставата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов,а драматург е Дарко Јан Спасов.

Политичката сатира ,,Нема да платам”, на добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството.

Во последната премиера за годинава на НУ „Театар Комедија“ Скопје играат : Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски.

Претпремиерата е закажана на 26.12 среда, премиерата на 27.12 четврток, а репризата е на 22.01.2019. Со оваа премиера НУ Театар Комедија ја реализира во целост програмата за работа за 2018 година.