Со претставата „Жена ми се вика Борис“, вечерва „Театар комедија“ ја почнува новата сезона.

Првиот човек на театарот, в.д. директорот Сашо Ристовски, вели дека за време на летниот период било извршено делумно реновирање на „Театар комедија“.

За време на колективниот одмор дел од театарот бил поплавен, заради што била неопходна санација на настанатата штета. Санацијата се состоела од менување на подот во фоајето, бојадисување на фоајето и на гледалиштето, поставување нови врати, завеси, синтелон, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, сменета била и покривната конструкција на театарот.

Што се однесува до продажбата на билетите, Ристовски нагласува дека таа продолжува со истата динамика како и минатата година, што значи дека поголем дел од претставите се распродадени и пред почетокот на сезоната.