ООУ „Кире Гаврилоски“

Со реновирани училници и подобрени хигиенски услови, ООУ „Кире Гаврилоски“ ги отвора вратите за првиот училишен ден

890 ученици од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, новата учебна 2019/2020 година наставата ќе ја започнат во реновирани училници. Средствата за реализација на овој реконструктивен зафат се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, со цел подобрување на условите за одвивање на воспитно – образовната дејност.

Во училиштето се извршени реконструктивни активности во поглед на промена на подовите и молеро – фарбарски зафати во училниците, а за комплетната реконструкција и набавените помагала потрошени се 2.400.000 денари.

Со реновирани училници и подобрени хигиенски услови, ООУ „Кире Гаврилоски“ ги отвора вратите за првиот училишен ден„Променет е подот кој беше беше дотраен и оштетен во сите 11 училници на горниот спрат во двете крила. Со поставување на линолеум, извршена е целосна реконструкција на сите 10 училници и библиотеката, со спуштање на тавани, поставување на нови штедливи ЛЕД  ламби, стружење, глетовање, молерисување и боење на ѕидовите во боја. Така, сите 22 простории на двата ката се целосно реконструирани, со многу подобри хигиенски услови за работа“, истакна директорката на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, Кети Стевананџија.

Во насока на подобрување на воспитно образовниот процес и изведување и следење на наставата, набавени се наставно – образовни помагала за предметите по биологија, физика и хемија, како и две интерактивни табли со ЛЦД проектори во одделенска и предметна настава.

На првиот училишен ден, 2 септември, своето образование во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ ќе го започнат и 80 првачиња.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …