Со сопствен криминал го кријат криминалот на доскорешната власт

Со сопствен криминал го кријат криминалот на доскорешната власт

Пишува: Жарко Стеваноски

Оние малку примери во светски рамки на држави кои направиле трансформација на корумпираните судски системи, нѐ учат дека секој таков систем мора да помине низ неколку фази до негова конечна трансформација во правичен правосуден систем. Впрочем, секоја препорака во извештаите на ЕУ за Република Македонија во делот за судството и јавното обвинителство, упатува на решенија кои бараат повеќегодишни заложби на државата за санирање на состојбите.

Тоа што ние сме единствен пример во светот за еднодецениско мафијашко делување на државните структури, не ни остава простор да очекуваме дека за нас би важело правилото за трансформација на правосудниот ситем во фази, односно дека токму ние би биле исклучок од правилото.

Да бидеме начисто дека во моментов во поглед на ова прашање постојат два судско и јавно-обвинителски профили: “тврдокорните“ кои до крај би останале на браникот на криминалната структура која би требало да ја гонат по словото на законот и вториот, “маргинализираните“ кои низ годините биле дистанцирани во одлучувањето за битни судски постапки и фрлени да се занимаваат со дното од судската материја. Мора да бидеме начисто и со фактот дека овие вториве немаат капацитет да се изборат против првите, затоа што до вчера биле сведоци на бескруполозноста на режимот во справувањето со неистомислениците.

Генералниот реизбор на судии долгорочно би донел штета за стабилноста на правосудсниот систем, затоа што во иднина некоја друга власт ќе може да се повика на таквиот начин на преструктуирање на правосудството. Од тие причини сосема е нормален сомнежот во непристрасноста во новиот избор. Впрочем, нелогично е една од трите власти во државата, во случајот извршната власт, да ја произведе судската власт затоа што тие произлегле со осамостојувањето на оваа држава и од самиот “зачеток“ е предвиден начинот на нивата трансформација во структурално-функционална смисла.

Тоа нѐ носи до единственото можно решение:

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители мора да доживеат трансформација после која ќе отпочне долгогодишен процес на скенирање, санкционирање и замена на “канцерогените“ структури кои се ставиле во улога на вазали на извршната власт. Процесот и не е толку проблематичен ако се има во предвид фактот дека голем дел од сегашните структури од правосудната фела буквално вршеле криминал за да го сокријат криминалот на поранешната власт. Сегашните и вакви структури во правосудството, се школски пример за криминалци фатени во криминал. За справување со нив не би бил потребен поголем напор од оној кој го вложува просечен студент при спремање на испит од прва година на Правниот факултет.

 

Прочитајте повеќе

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа

Зошто партиите непотребно прават предизборни програми, принудени да лажат, кога имаат готова програма? Треба само …