Со средства на театарот „Чин 4 Сцена 5“, променета дограмата во Дневниот центар „Ѕуница“

Со средства на театарот „Чин 4 Сцена 5“, променета дограмата во Дневниот центар „Ѕуница“

Денеска во Дневниот центар „Ѕуница“ беше означен крајот на првата етапа од најавената донација на театарот „Чин 4 Сцена 5“, чии средства од продажбата на влезници за претставата „Викенд на мртовци“ беа наменети за промена на дограмата во Дневниот центар.

Градоначалникот Илија Јованоски рече дека од старт ја поддржал идејата на театарот „Чин 4 Сцена 5“, бидејќи не постојат многу приватни фирми кои покажуваат општествена одговорност и донираат средства онаму каде што тие се најпотребни.

„На мое задоволство, дозволив да се реализира нивната иницијатива. Реновирањето на објектот на Дневниот центар ‘Ѕуница’ значи давање инпут на други здруженија на граѓани и приватни фирми, на ваков начин да учествуваат во донирање средства, бидејќи на децата во ‘Ѕуница’ и на други институции од ваков тип, помошта им е најмногу потребна. Се надевам дека во иднина ќе има уште вакви проекти, бидејќи помошта на лицата со посебни потреби им е повеќе од потребна“, истакна градоначалникот Јованоски.

Со средства на театарот „Чин 4 Сцена 5“, променета дограмата во Дневниот центар „Ѕуница“„Можам да кажам дека сме прилично задоволни од тоа како излезе работата и би сакал да упатам благодарност до сите оние кои не’ поддржаа во оваа акција и кои ја препознаа нашата цел. Вкупната сума на оваа донација изнесува околу 430.000 денари, изградбата на лифтот ќе чини 240.000, а компјутерите 105.000 денари“, изјави Саша Нацевски, раководител на „Чин 4 Сцена 5“.

Нацевски напомена дека втората фаза од донацијата ќе биде наменета за инсталација на лифт за хендикепирани лица во ЦК „Марко Цепенков“, а третата и последна фаза, за набавка на 4 компјутери за посебните паралелки во ООУ„Климент Охридски.

Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп, Живко Сиљаноски потенцираше дека ова е добар пример за соработка на јавните институции со бизнис секторот и со други донатори.

„Факт е дека после 17 години од формирањето на Дневниот центар за деца со посебни потреби ‘Ѕуница’, нормално беше да има потреба од негово реновирање. Министерството за труд и социјална политика е заинтересирано овој процес да го направи уште поквалитетен и потранспарентен, бидејќи во постапка е приватизација на објектот. Иако е калибриран за 25 деца, на простор од 350 метри квадратни моментално услугите на Дневниот центар ги користат 19 деца. Она што е направено е голема работа и ова е можност да упатам повик до останатите фирми да покажат општествена одговорност и да го следат примерот на овој донатор“, изјави Сиљаноски.

Првиот човек на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Живко Сиљаноски рече дека новата законска регулатива овозможува продлабочување на соработката со локалната самоуправа и дека во иднина ќе се работи на зголемување на постојните и изградба на нови дневни центри за лицата со попреченост.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …