Крушево

Со средства од Министерството за животна средина, Крушево го решава проблемот со водоснабдувањето

Општина Крушево добива 9 милиони денари од Министерството за животна средина, за конечно надминување на сите проблеми со водоснабдување на градот.

„Со ребалансот на буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, на Министерството за животна средина и просторно планирање му беа доделени финансиски средства во вкупна вредност од 165 милиони денари, за реализација на проекти од областа на животната средина кои ќе бидат префрлени на општините, од кои 9.000.000,00 ден за водоснабдителен систем за општина Крушево – реализација на инфраструктурен проект за изградба на водовод за град Крушево“, се вели во соопштението на Министерство за животна средина

„Со овие средства конечно ќе ги надминеме сите проблеми со водоснабдување на општина Крушево. За многу брзо ќе ставиме крај на овие проблеми и градот ќе има водоснабдување како што доликува на еден туристички град, а воедно и услугите кон граѓаните ќе бидат на високо ниво. Благодарност до Владата и Министерството за животна средина за поддршката“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …