Со стапувањето на сила на новите мерки, Општина Прилеп распредели 15.000 бесплатни заштитни маски за граѓаните

Со стапувањето на сила на новите мерки, Општина Прилеп распредели 15.000 бесплатни заштитни маски за граѓаните

На првиот ден од стапувањето на сила на мерката за забрана за движење на населението на подрачјето на општина Прилеп без носење на соодветна заштитна опрема – маска, шал, марама и слично, Општината денеска распредели 15.000 бесплатни заштитни маски за граѓаните на Прилеп.

Во акцијата се вклучија и претседателите на урбаните заедници, кои во текот на денот ќе распределат вкупно 10.000 заштитни маски на домашните адреси на граѓаните од нивните локални средини.

3.000 заштитни маски му беа донирани на Здружението на пензионери, со цел заштита од коронавирусот на највозрасната категорија на граѓани, а 500 маски им беа поделени на Здружението на инвалидски пензионери.

Останатиот дел од вкупно 15.000 заштитни маски кои денеска ги распредели Општина Прилеп, општинските волонтери ги поделија на граѓани затекнати пред банките, маркетите, Градскиот пазар и Старата чаршија.

Акцијата на делење бесплатни заштитни маски ќе продолжи и во наредните денови. Претставниците од неколкуте општествено-одговорни компании кои ги изработуваат и донираат заштитните маски, информираат дека ќе продолжат со таквите активности се’ додека од тоа има потреба.

Покрај задолжителното носење заштитна опрема, на граѓаните на општина Прилеп им се препорачува да го редуцираат излегувањето од своите домови. Тоа да го прават само од најнеопходни причини, заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член на семејството, заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …