Со вакцина против ковид целосно се вакцинирани 54.600 граѓани, најмалку една доза примиле над 227.000

Со вакцина против ковид целосно се вакцинирани 54.600 граѓани, најмалку една доза примиле над 227.000

Во текот на вчерашниот ден против ковид-19 биле вакцинирани околу 11.000 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Вкупната бројка на вакцинирани со две дози вакцина изнесува 54.600 што процентуално е под 3 отсто од населението.

Од секторот зравство посочуваат дека бројот на граѓани што примил најмалку една доза е 227.963.

„Со последните бројки, 46 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 40 отсто над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и дека досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk, изнесува над 425.000 граѓани.

Од МЗ потсетуваат дека масовна вакцинација се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. Апелираат до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, како најлесен и најбрз пат до вакцинација.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …