Со засадување дрвца, одбележан Светскиот ден на џудото

Со засадување дрвца, одбележан Светскиот ден на џудото

По повод Светскиот ден на џудото, 28.Октомври кога е и роденденот на „таткото“ на овој спорт Џигоро Кано, прилепските џудисти денеска засадија дрвца во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“, кај прилепското село Селце.

Денешните активности Џудо федерацијата ги започна со одржување на конститутивна седница на Извршниот одбор, после што на локацијата кај манастирот во близина на с.Селце беа засадени млади садници.

Заедно со 40 милиони џудисти ширум целиот свет, раководството на Федерацијата, спортските работници, џудистите од џудо клубовите „Сеишин“, „Пролетер“, „Прилеп, „Санкаку“ и „Бушидо“ зедоа активно учество во акцијата за одбележување на роденденот на Џигоро Кано. Во текот на денешниот и утрешниот ден, Светскиот ден на џудото ќе биде одбележен и во другите градови, каде исто така ќе бидат засадени дрвца.

Од Џудо федерацијата упатуваат благодарност до ЈП „Македонски шуми“, подружница „Црн бор“ – Прилеп, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ТППЕ Прилеп и ДОО „Кожувчанка“, за безрезервната подршка во одбележувањето на овој голем ден за џудо спортот во целиот свет.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …