Со „зелени и паметни даноци“ владата ќе го намалува загадувањето

Со „зелени и паметни даноци“ владата ќе го намалува загадувањето

Воведување „зелено оданочување“ за да се стимулират даночните обврзници да ги намалат активностите кои придонесуваат за загадувањето е еден од петте клучни приоритети дефинирани во „Стратегијата за реформа на даночниот систем 2020-2023“ што ја објави Министерството за финансии.

Останатите четири главни приоритети на кои ќе се работи во следните три години се поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност и продуктивност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, зголемена даночна транспарентност и подобар квалитет на услугите.

Во стратегијата се вели дека главна цел на „зеленото оданочување“ е справување со загадувањето и заштита на природните ресурси, но и дека дополнително како резултат може да се очекува и зголемување на даночните приходи.

„Еколошкото оданочување е наменето за загадувачите поради негативното влијание кое го имаат нивните активности на животната средина и на другите. Овие даноци ја намалуваат еколошката штета на најекономичен начин, така што поттикнуваат промена на однесувањето со цел намалување на загадувањето. Суштината тука не е да се воведат повисоки даноци, туку попаметни даноци. Тие се смета дека се многу поефикасни отколку регулативата за намалување на загадувањето и можат да создадат значително економски и еколошки бенефити“, пишува во страгеијата.

Во неа, се додава дека зеленото оданочување исто така придонесува кон промена на оданочувањето од трудови активности кон загадување, согласно политиките на ЕУ, а со тоа доведува и до економски бенефити.

„Севкупно земено, главен приоритет на оваа мерка е да се обезбеди оданочувањето да биде усогласено со климатските цели. Со оглед на реалноста од климатски промени, еден ефикасен и ефективен фискален систем мора да ги намалува загадувањето и штетите врз животната средина. За таа цел може да се користат различни политики и мерки, а даноците се едни од најефикасните во таа смисла. Нивна карактеристика е тоа што конечните одлуки им се препуштаат на производителите и на потрошувачите, додека улогата на државата е да го дефинира соодветното ниво на данок, влијаејќи со тоа на крајната цена. Со оданочување на супстанциите кои се штетни за животната средина, оданочувањето на загадувањето ја намалува намерата на производителите и на потрошувачите да ги користат истите. Резултат од ова ќе биде пониско ниво на загадување“, се објаснува во страгеијата.

Како пример за почеток на таканареченото зелено оданочување е даден новиот Закон за данок на моторни возила со кој се воведува и еколошка компонента која треба да влијае врз зголемување на еколошката свест на граѓаните и да ги стимулира да користат поеколошки возила со што ќе се придонесе за поздрава животна средина и намалување на загадувањето на воздухот.

Најчесто има три типови на еколошки даноци: енергетски даноци, даноци во транспортниот сектор и даноци насочени кон загадувањето и ресурсите. Државите најмногу ги користат даноците во енергетиката (просекот на Европската унија е 77,1 отсто од сите еколошки даночни приходи), а помалку во транспорт (19,7 отсто) и загадување и ресурси (3,2 отсто).

Со „зелени и паметни даноци“ владата ќе го намалува загадувањето

„Во однос на регионалните земји, Србија е земја во која најмногу се користат даноци насочени кон загадувањето и ресурсите (6,6 отсто од сите еколошки даночни приходи). Влијанието на даночните обврзници е различно, во зависност од видот на економската активност која се даночи. Во просек, даноците за енергетика речиси подеднакво ги плаќаат компаниите (просек во Европската унија е 51 отсто од вкупните приходи од данок во енергетиката во 2016 година) и домаќинствата (47 отсто), додека домаќинствата плаќаат повеќе даноци во транспортот (просекот на Европската унија е 65 отсто од вкупните транспортни даночни приходи во 2016 година) отколку компаниите (33 отсто)“, пишува во стратегијата.

Според надлежните, без разлика на нивните потенцијални буџетски трошоци, фискалните стимуланси за домаќинствата и компаниите можат да бидат ефективна алатка во контекст на некои одлуки во врска со производство, потрошувачка и инвестиции.

„Оваа активност би го проценила евентуалното воведување на такви стимуланси во одредени закони, како што се Законот за данок на моторни возила, Закон за царинска тарифа итн. Примери за вакви стимуланси кои се имплементирани во други земји на ЕУ се враќање на данокот или даночни аконтации за зелени расходи и инвестиции направени од домаќинствата и од правни субјекти. Овие стимуланси би можеле да имаат влијание и на приходите од данокот на личен доход и од данокот на добивка“, се вели во стратегијата.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …