Собранието да се произнесе за уставните амандмани, велат од француското МНР

Собранието да се произнесе за уставните амандмани, велат од француското МНР

Собранието сега треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на Спогодбата со Грција, а врз основа на резултатот од референдумот, се вели во изјавата на портпаролката на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил.

„Гласачкото тело на Поранешната Jугословенска Република Македонија имаше можност на 30 септември да гласа на референдум за името и за иднината на земјата. Франција со задоволство констатира дека гласањето добро се одвиваше и го поздравува фактот што многу големо мнозинство од излезените гласачи искажаа поддршка за Спогодбата од Преспа и за приближувањето на нивната земја кон Атлантската алијанса и Европската Унија. Како што напомена Претседателот на Република Франција, Спогодбата од Преспа е добра како за земјата, така и за регионот и за Европа“, стои во писмената изјава.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …