Собранието е на ред да одлучува за имунитетот на Вељаноски

Собранието е на ред да одлучува за имунитетот на Вељаноски

Собраниската седница на која ќе треба да се расправа за дали да му се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот Трајко Вељановски се уште не е закажана за денеска. Извештајот од комисијата за мандатно-имунитетни прашања синоќа е испратен до Претседателот на Собранието Талат Џафери кој според деловникот треба да ја закаже седницата за денеска, велат пратениците од владејачкото мнозинство.

„Тоа значи дека се исполнети сите услови за Претседателот на Собранието да закаже пленарна седница во предвидениот рок(недела). Немањето став на Комисијата, во никој случај не значи дека Собранието не треба да расправа по барањето од Судот, “ напиша на својот профил претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски.

По два дена жестока расправа, со четири гласа „за“ и четири „против“ пратениците ја завршија расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието Вељаноски.

Во членот 54 од Деловникот е наведено дека врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.

Вељаноски заедно со екс министрите, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одредена мерка притвор. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека се работи за политички прогон.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …