Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица

Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица

Во текот на вчерашниот ден, Собранието на Република Северна Македонија го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица. Преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани.

Каматите на сите предмети кои се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година, од страна на јавни и државни претпријатија, или државни органи, установи – се бришат.

Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот – толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.

Во однос на репрограмирањето со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот, да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците.

Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица

Доверителите кои се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон.

Доверителите кои се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците го вршат на доброволна основа.

Овој закон ќе влезе во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …