Собранието се распушти, изборите остануваат на 12 април

Собранието се распушти, изборите остануваат на 12 април

Собранието вчера едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.

Претходно, пратениците го донесоа Законот за јавно обвинителство по втор обид. Пред да биде спроведено гласањето на кое беа обезабедни 80 гласа, имаше едно гласање по законот, кога 74 пратеници се изјаснија „за“, а 32 „против“. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го поништи ова гласање зашто претходно пратеничката Лилјана Поповска процедурално побарала збор, а и дел од пратениците се пожалиле дека гласањето не им било евидентирано.

Законот за јавно обвинителство не беше поддржан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поради поништување на првото гласање, тие побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за стапување на законот во сила.

Истото го побараа и за законот за изменување и дполнување на Законот за Совет за јавни обвинители, поради тоа што, како што посочија, при неговото донесување не бил испочитуван принципот на гласање по Бадентер.

Пред да се распушти, Собранието меѓу другите ги донесе и законите за јавно обвинителство и измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана.

Денеска СДСМ организира Маршот „Чекориме за правда” што ќе почне пред пред Собранието.

„Ве повикувам да се приклучите. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа Законот за јавно обвинителство – од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот,“ повика Заев на „Фејсбук“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …