Собраниска седница за гласање за Пенов и уставните судии

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска го закажа продолжението на 88 седница, на која се очекува да заврши расправата и да се гласа за избор на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а потоа и на двата предлози за уставни судии. На вчерашната средба со новинарите, одговарајќи на прашањето дали досега имало ваков случај на незавршена дебата во собраниска комисија да се отвори и да се гласа на пленарна седница, Џафери рече дека за кандидатите за уставни судии се гласа поединечно, но и дека во 2012 година за Буџетот извештајот од комисиската седница го потпишало мнозинството.

Измена на Деловникот за деблокада на Собранието

Претседателот на Собранието најави и дека оваа 88. седница, на која се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, но и законите за здруженија и фондации и за политичките партии, би требало да продолжи од понеделник. Џафери истакна дека на Собранието му е потребен нов Деловник за работа.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …