катица јово Империја

Сочни офшор-детали протекоа од „Империја“

Зад сувопарната правна терминологија и зад иницијалите испразнети од човечки лик, Врховниот суд, завчера, случајно или не, „нацрта“ дел од скицата на бизнис-мрежата што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја истражува и со месеци љубоморно ја чува од јавноста под кодното име „Империја“.

Всушност, СЈО се обидело со чувствителни информации да го убеди судот дека осомничените треба да останат во домашен притвор. Врховен не го послушало обвинителството и ги објави „сочните детали“, како составен дел од решенијата со кои бизнисмените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ ќе се бранат од слобода.

Иако имињата и компаниите се наведени само со иницијали, од објавените документи, за првпат се дознава дека, според СЈО, токму Ненад Јосифовиќ е вистинскиот газда на фирмата од Белизе, „Сирах лимитед“.

Сочни офшор-детали протекоа од „Империја“

„Сирах лимитед“ е позната како компанијата што го поседува плацот на Водно од 11.000 квадрати, за кој СДСМ во 2015 година обвинуваше дека му припаѓа на експремиерот Никола Груевски. Социјалдемократите го темелеа овој сомнеж врз фактот дека неколку години како управител на скопската „Сирах“ беше Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Груевски.

Денес, сопственик на огромната парцела е истата компанија, но под друго име, сега се вика „Лајф кеар сентар“, а нејзини газди се фирми на семејството Камчеви.

Егзотичното Белизе стана синоним за зделките на бизнис-групацијата блиска до ВМРО-ДПМНЕ, во чиј епицентар пулсираше другарството меѓу поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, и бизнисменот Јордан Камчев.

Извор: ПРИЗМА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …