Сојузот на средношколци на средба со премиерот Ковачевски: Екстерните испити ќе го опфатат материјалот реализиран заклучно со март

Сојузот на средношколци на средба со премиерот Ковачевски: Екстерните испити ќе го опфатат материјалот реализиран заклучно со март

Минатиот петок, на 13.05.2022 делегацијата на Сојузот на средношколци, сочинета од членови на Извршниот одбор, членови на Комисијата за надзор и младински амбасадори ширум земјата имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата на Република Северна Македонија.

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија инфомрира дека во рамките на нивната претсавничка делегација, на средбата присутни биле и претставници на онлајн групата на социјалната мрежа Фејсбук „Матура 2022“.

На средбата се дискутирало за преговорите околу консензуалното решение понудено од Сојузот за прилагодување на матурата, односно за продолжување на рокот за полагање на проектната задача и продолжување на минатогодишните промени во процесот на полагање на интерните испити.

„Свесни сме дека испитните програми за екстерните испити се веќе скратени, поради
пандемијата со ковид-19, имајќи предвид дека договорот постигнат лани е
продолжен и за оваа учебна година. Во однос на проектната задача, од Владата ни беше посочено дека рокот за изработка на истата е веќе продолжен. 1.598 ученици кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит ќе имаат можност тоа да го сторат до понеделник, 16 мај. За интерните испити Сојузот успеа да издејствува професорите и оваа година да креираат банки со прашања кои ќе бидат споделени со учениците најмалку три недели пред денот на испитот. Исто така, коефициентите за (не)соодветност на испитите при пресметувањето на поените од минатата година ќе бидат задржани и за оваа година“, се вели во соопштението од ССРСМ.

Прашањата за годинешните екстерни испити се соодветни на испитите од минатите
години, кои се објавени на веб страницата на Државниот испитен центар. ДИЦ во
најбрз можен рок ќе изготви Каталог на прашања за екстерните испити, односно истите на матурантите ќе бидат достапни во еден ПДФ документ.

„Со Претседателот на Владата се согласивме дека прашањата за екстерните испити ќе го опфатат само материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар. Сојузот презема одговорност да се обрати до
оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал
после март“, се наведува во соопштението од сојузот.

Претсавничката делегација на сојузот на средношколци на средбата нагласила и дека се потребни понатамошни модификации поради продолжувањето на зимскиот распуст и тринеделниот штрајк во образованието.

За сите средношколци кои можеби ќе бидат спречени да полагаат матурски испити
поради вирусот ковид-19, Сојузот издејствува институциите да спроведат дополнителна испитна сесија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Почнува кампањата за парламентарните избори

Почнува кампањата за парламентарните избори

Од денеска, четврток 18 април, официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Во тек …