Соколоски: Со својата структура на личност, Миле Талевски ќе придонесе за понатамошен развој на Прилеп

Соколоски: Со својата структура на личност, Миле Талевски ќе придонесе за понатамошен развој на Прилеп

Кандидатот за пратеник на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4, Миле Талевски, го посети Општинскиот одбор на Сојуз на борци-Прилеп, при што оствари средба со раководството и претседателот на одборот, Круме Соколоски.

Искажувајќи максимална поддршка и доверба во Талевски, првиот човек на прилепските борци покрај другото изјави:

„Можам да кажам дека Општинскиот одбор ја продолжува традицијата на партизанските одреди, го почитува придонесот кој го дадоа партизаните за формирање на наша, македонска држава, која денес како независна држава е почитувана во целиот свет. Мислам дека неговата досегашна работа како претседател на Совет, авторитетно го водеше Советот, во секој поглед. И коректно. Јас како стручњак по тие професии за личности и магистрант на науки, сметам дека со неговата сталоженост, неговата мирна структура на личноста, ќе придонесе за понатамошен развој на Прилеп, а делумно и на Републиката“.

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии буџет долг Долговите

Буџетот на ПИОМ за 2025 година тежи речиси 2,3 милијарди евра (АНАЛИЗA)

Само за алиментирање на „социјалните бенефиции“ со кои се опфатени и пензиите, во 2025 година …