Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ-Прилеп ги продолжува средбите по месни организации во сите урбани заеднициво градот, насловени како „Во двор кај…“.
На вчерашната средба одржана во УЗ „Корзо“, гостинка на Форумот беше Соња Мираковска, носител на листа за пратеници на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4.
На средбата беше истакнато дека сите политички субјекти од Коалицијата „Можеме“, продолжуваат да градат општество во кое родовата рамноправност ќе биде реалност. На овие предвремени парламентарни избори, Коалицијата „Можеме“ е родово рамноправна, односно застапеноста на мажите и жените на кандидатските листи е 50:50.
На средбата беше заклучено дека СДСМ и коалиционите партнери продолжуваат со јакнење на еманципацијата на жената, нејзината економска моќ и рамноправност во вклучување на пазарот на трудот, како и во зголеменото учество во политичкиот живот и во креирање на политики на локално и централно ниво.
„Создаваме средина во која се грижиме за сите“, потенцираа учесничките на вчерашната средба „Во двор кај…“, организирана од Форумот на жени на ОО на СДСМ-Прилеп.