Денеска и во деновите од викендот, времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 36 степени Целзиусови, а вредноста на УВ индексот ќе биде 9.
