Сончево и студено време, од утре нови обилни врнежи од снег

Сончево и студено време, од утре нови обилни врнежи од снег

Времето денеска ќе биде сончево и студено време со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под минус 10 Целзиусови степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до минус 18 Целзиусови степени.

Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула. Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус 12 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се движи од минус еден до два Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до минус 11 Целзиусови степени, а дневната температура до минус еден Целзиусов степен.

Под влијание на влажен и студен бран, во среда и во четврток претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови.

Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …