Времето во Македонија ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден до 23 Целзиусови степени.

Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Извор: МЕТА