Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец ќе преовладува денеска во Македонија.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 Целзиусови степени.

Во следниот период ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Извор: МЕТА