Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 3 Целзиусови степени, а максималната од 13 до 20 степени.

Во Скопје се очекува сончево време, со појава на слаба магла во утринските часови. Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

И в петок времето ќе биде стабилно и суво. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок, кон крајот на денот, и в сабота ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Температурата значително ќе опадне, особено в недела.

Извор: МЕТА