Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец и ќе продолжи така и во текот на утрешниот ден.
Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.