Сончево и топло време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната температура од 23 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со утринската температура до 18 и дневна до 33 Целзиусови степени.

Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови.

Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град. Во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“

Узурпиран паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“, Општина Чаир дозволува парите на граѓаните нелегално да завршат во приватни џебови

Како што пишува „Порталб“, 50 денари еден час, 100 денари за цел ден, е цената …