Сончево и жешко денеска, со температури до 39 степени

Сончево и жешко денеска, со температури до 39 степени

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност.

УВ индексот ќе биде 9. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура се движеше од 14 до 20 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува 30 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. УВ индексот ќе биде 9.

Утринската температура достигна до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 38 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса, до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само в петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

 

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …