Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од -5 до 4 степени Целзиусови на југот на земјата.

Не’ очекува уште една ноќ со поларни температури, кои во источните делови ќе се спуштат и до -18 степени.

И во наредните 3 денови ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се движи во интервалот од -2 до -10, а највисоката од -4 до 6 степени Целзиусови.