Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи во интервалот од шест до 18, а дневната од 24 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време. Минималната темература ќе изнесува 11, а дневната ќе достигне до 31 Целзиусов степен.

Во следниот период продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време со просечни дневни температури за овој период од годината.

Извор: МЕТА