Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер, вели временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 21 и 28 степени.

Во Скопје сончево време, со слаб ветер од североисточен правец.  Утринската темптература се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време, со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Од четврток ќе има повремено зголемување на облачноста.

Извор: МЕТА