Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.
И во деновите од викендот не’ очекува сончево време, со мала до умерена облачност и слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура нема да се спушти под нулата, додека дневната ќе се движи од 15 до 24 Целзиусови степени.