Времето во нашата држава денеска ќе биде стабилно и суво, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст и ќе се движи во интервалот помеѓу 14 и 18 степени Целзиусови.
Сончево и топло време ќе се задржи во текот на целата недела, при што максималната температура ќе достигне 22 Целзиусови степени.