Сончево време со мала облачност, од недела снег

Сончево време со мала облачност, од недела снег

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе преовладува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

Следува период на стабилно и суво време, со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утре ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. В недела кон крајот на денот и в понеделник се очекува зголемена облачност со локални врнежи, претежно од снег.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …