Сончево време, за викендот минималната температура ќе се спушти под нулата

Денеска во нашата земја ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе се движи во интервалот од 11 до 20 степени Целзиусови.

Во деновите од викендот, времето ќе биде сончево, со студени утра. Во недела претпладне ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максимална ќе достигне 21 степен.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …