СОНК и Министерството за образование се договорија: Платите од јануари повисоки за 10 отсто

Преговорите меѓу СОНК и Министерството за образование вродија со плод: од 1 јануари 2020 година, платите на вработените во образованието се зголемуваат за 10 отсто. Тоа на прес конференција го кажа министерот Арбер Адеми, кој истакна дека со ова се враќа дигнитетот на професорската дејност.

СОНК вчера одлучи да го стави во мирување претходно најавениот штрајк, се’ до усогласување на терминот за исплата на повисоки плати.

Од август 2018 до сега, платите во образованието беа зголемени за 10.8% и со новите 10%, СОНК ќе се приближи до над 21% од бараните 25%. Поради неисполнетите барања, СОНК на 2 септември одржа предупредувачки протест.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …