Ноќеска на Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, како последица на тешките повреди задобиени во тешката сообраќајна несреќа која се случи на 13 февруари на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци, почина уште едно лице. Станува забор за 39 годишен маж, со што бројот на загинати се искачи на 15.
Според извори од Министерството за здравство, во тешка состојба се наоѓаат уште 5 лица.