Претстави во конкуренција на 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“:
Фестивалот ќе го отвори претставата на Македонскиот народен театар „Ничија земја“од Данис Тановиќ, режија на Александар Морфов. Дел од годинешното фестивалско издание ќе бидат и 11 други претстави:
„Клетници“ од Виктор Иго, режија Мартин Кочовски, театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп;
„Жените“, од Роберт Томас, режија Ќендрим Ријани, Албански театар Скопје;
„Бог на масакрот“, од Јасмин Реза, режија Нела Витошевиќ, НУЦК „Ацо Шопов“ Штип;
„Крал Лир“, од Вилијам Шекспир, режија Диего де Бреа, Турски театар Скопје;
„Ужегнатост“, од Иван Вискочил, режија Владимир Милчин, независна театарска група „Артопиа“
„Дони Дарк“ од Леонард Герш, режија Роберт Ристов, театар „Комедија“ Скопје;
„Царот Владислав“, од Борис Јанков, режија Бранко Ставрев, НУЦК „Антон Панов“ Струмица;
„Лет над кукавичјото гнездо“ од Дејл Васерман и Кен Киси, режија Ристо Алексовски, Драмски театар Скопје;
„Еднаш свет изградив“, по романот „Сидарта“ од Херман Хесе, режија Јане Спасиќ, Театар за деца и младинци Скопје;
„Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана, режија Дејан Данјановски, театар „Јордан Х.К. Џинот“ Велес и
„Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу и авторски текстови на режисерот, драматургот и актерската екипа, режија Андраш Урбан, Народен театар Битола.
Наградата за животно дело ќе им биде доделена на актерот Петар Арсовски и на композиторот Љупчо Константинов.
- МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 8 до 15 јуни во Прилеп.