Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со поддршка на активностите ХелтХаб

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со поддршка на активностите ХелтХаб

Во канцеларијата на претседателот МладиХаб од денеска почнуваат со реализација активностите ХелтХаб (HealthHub) коишто се иницијатива на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ, а со поддршка на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и Министерството за здравство.

На отворањето на Хелтхаб се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Миле Бошњаковски, генерален секретар на Кабинетот на претседателот, Беким Сали, министер за здравство и Љубица Баткоска, претседател на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ.

Поздравувајќи ја иницијативата ХелтХаб чија цел е креирање на можности и создавање на простор за совладување на потребните вештини за решавање  на  јавно-здравствени предизвици, како и создадавање на еднаквост во здравството, Ѓоргиевска ја изрази својата поддршка на младите во нивните активности  поврзани со унапредување на здравјето, здравствената заштита и здравата животна средина.

Сопругата на претседателот истакна дека вложувањето во континуираната професионална наобразба на младиот кадар во областа на здравството и примената на стекнатото знаење во пракса се значајни за унапредување на здравствените услуги и јавното здравје.

Министерот за здравство, Беким Сали во своето обраќање го поздрави почетокот на функционирањето на Хелтхаб истакнувајќи дека заедничка заложба е насочување на  активностите на Хелтхаб кон зајакнување на поддршката за заштита и унапредување на правата на лекарите и студентите по медицина.

Во рамки на ХелтХаб, во канцеларијата на претседателот МладиХаб ќе се организираат настани за подигање на јавната свест и едукација на населението за актуелни теми во општеството од областа на медицинските науки, трибини и дискусии за земање активно учество во креирањето на политиките насочени кон студентите по медицина, настани поврзани со стручното усовршување на студентите по медицина и за унапредување на здравјето на населението преку научно базирани сознанија.

ХелтХаб ќе работи на унапредување на превентивната здравствена заштита, зацврстување на позицијата на младите лекари и студентите во општеството, како и на изнаоѓање креативни и иновативни решенија за решавање на здравстените проблеми на населението.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …