полиција сообраќајка

Сопружници од Србија се степале во кола, па мажот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија

Полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил.

Во разговор со македонската полиција, сопругот Б.М. (52) од Србија раскажал дека враќајки се со сопругата и нивните малолетни син и внука од одмор од Грција, С.М., која имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот, по што тој запрел, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничниот премин „Табановце“.

На повредената жена и била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош од Неготино, по што е пренесена во здравствената установа „Негорци“. Од МВР информираат дека за настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентскиот протестен маратон во Брисел во вистински момент

Студентскиот протестен маратон во Брисел во вистински момент

По 18 дена, осум земји и 1.950 истрчани километри, студентите од Србија го завршија својот ултра-маратон од …