Денеска во Охрид се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро, согласно договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, потпишан 2004 година.
Состанокот го отвори градоначалникот на град Охрид, Костантин Ѓеоѓиевски, а поздравни говори имаа и министерот и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми и претставниците од Албанија.
За време на пленарниот состанок, за претседавач на Комитетот беше избран Костантин Ѓеорѓиевски, а за секретар градоначалникот на општина Поградец, Илир Џаколи.
Во продолжение беше усвоен деловникот за работа на Комитетот и се дискутираше за посетата на Реактивната мисија на УНЕСКО во Северна Македонија и Албанија, која треба да се оствари на крајот од овој месец.
Воедно, беше одлучено наредниот состанок да се реализира во текот на месец јуни 2020 год.